text size
Европа веќе се соочи со пет топлотни бранови ова лето. Немилосрдното жешко и суво време предизвикува смртоносни шумски пожари, го нарушува снабдувањето со енергија, ги уништува земјоделските приноси и ги празни акумулациите и реките. Последиците би можеле да избришат речиси цел раст на бруто-домашниот производ на Европската Унија од 1,1 отсто што се очекува годинава, покажува анализата на „Триодос банка“ (Triodos Bank).