Падот на биткоинот може да влезе во „спирала на смртта“ и да предизвика верижни ефекти низ целиот криптоекосистем, предупреди познатиот стратег Мајкл Бери.
Добро утро од дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“. Во продолжение, и останатите пет вести што ги издвоивме за почеток на денот.
„Мерцедес“ од милион евра лани бил увезен во Македонија за 650.000 евра
Најскапиот автомобил што е увезен лани во Македонија е „мерцедес бенц амг пјур спид“ (Mercedes benz AMG purespeed). Неговата вредност, според увозните документи, изнесува 40.159.861,54 денари или над 650.000 евра, без давачки кон државата.
Увезениот примерок е произведен во 2025 година, се наведува во податоците што за потребите на магазинот „Блумберг бизнисвик Адрија“ ни ги достави Царинската управа.
Навидум значајна сума, но пониска од таа што била лани платена за најскапиот автомобил увезен во земјава. Сепак, не е сѐ така како што изгледа на прв поглед.
Германската економија се буди - колкава корист ќе има од тоа македонскиот извоз?
Германската влада очекува најголемата економија во Европа да излезе од тригодишната стагнација во 2026 година, но големата зависност од државните трошоци покажува дека има уште многу работа за закрепнувањето да добие поширока основа, како што напиша „Блумберг“.
Се очекува бруто-домашниот производ да се зголеми за еден отсто оваа година и за 1,3 отсто во 2027 година, според ажурираната прогноза објавена деновиве од Министерството за економија во Берлин. Предвидувањата се генерално во согласност со другите институции како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), додека претставуваат мало намалување од октомвриските прогнози од 1,3 отсто и 1,4 отсто, соодветно.
Kоинoт на Трамп и моралниот хазард - кој ја плаќа цената на политичката моќ
Постојат финансиски балони и постојат политички скандали. Меѓутоа, ретко, се случува тие два света толку да се испреплетат што веќе не е јасно каде завршува пазарот, а каде започнува злоупотребата на моќта. Токму тоа е случајот сега со крипто-паричка на Трамп ($TRUMP).
Мим-коинот поврзан со претседателот на најмоќната светска економија изгуби 94 отсто од вредноста во однос на својот историски максимум, пишува „Фајненшл тајмс“ (Financial Times). Според податоците на „Коинбејс“ (Coinbase), $TRUMP достигна највисока вредност од околу 74 долари во средината на јануари 2025 година, веднаш по лансирањето, а на почетокот на февруари 2026 година неговата вредност се движи меѓу 4 и 5 долари по токен.
„Дојче телеком“ и „Енвидија“ во Минхен отворија еден од најголемите дата центри во Европа
Центар за податоци во Минхен вреден една милијарда евра, изграден од „Дојче телеком“ (Deutsche Telekom AG) и „Енвидија“ (Nvidia Corp.), ќе ѝ помогне на Германија да стане помалку зависна од дигиталната инфраструктура надвор од Европа, изјави министерот за финансии Ларс Клингбајл.
Клингбајл, кој е и вицеканцелар, присуствуваше на официјалното отворање на центарот во средата, една од најголемите вакви европски постројки за технологија што може да напојува сложени системи на вештачка интелигенција.
„За мене е особено важно технолошкото лидерство да биде во срцето на идниот деловен модел на Германија“, рече Клингбајл.
„Ели Лили“ очекува силен раст на продажбата, ривалот „Ново Нордиск“ разочара
„Ели Лили“ (Eli Lilly & Co.) во средата даде оптимистична прогноза за продажбата за годинава, откако силната побарувачка за неговиот лек за слабеење ја зацврсти позицијата на компанијата како лидер на пазарот за лекови против дебелина.
Прогнозата е сосема спротивна од онаа на ривалот „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk A/S), кој во вторникот ги предупреди инвеститорите дека продажбата може да падне до 13 отсто годинава поради засилената ценовна конкуренција на пазарот за лекови за слабеење. „Ели Лили“, пак, очекува продажбата да порасне до 27 отсто оваа година.