text size
Новите глобални царини од 10 отсто на американскиот претседател Доналд Трамп стапија во сила, со што Белата куќа го започна обидот да ја зачува трговската агенда на претседателот откако Врховниот суд ги поништи неговите првични сеопфатни давачки. Трамп потпиша извршна наредба со која ја одобри царината од 10 отсто, само неколку часа по судската одлука. Потоа тој се закани дека стапката ќе ја зголеми на 15 отсто. Веднаш потоа стигна реакција дека новите царини на Трамп го кршат договорот со ЕУ и надлежните институции го одложија споведувањето на договорот.