Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ја зголеми каматната стапка за 75 базични бодови на состаноците во октомври и декември, сметаат од „Goldman Sachs Group Inc“.
Економистите претходно очекуваа умерено зголемување на каматната стапка од 50 базични бодови на последниот состанок на ЕЦБ. „Веруваме дека растечката инфлација во четвртиот квартал ќе го отежни забавувањето на темпото на раст“, велат од „Goldman Sachs Group Inc“.
Освен тоа, „Goldman Sachs Group Inc“ предвидува зголемување од 50 базични бодови во февруари следната година, што всушност претставува два пати повеќе од претходната прогноза. „Како што политиката станува се порестриктивна, инфлаторните бројки ќе се стабилизираат и ќе стане јасно дека еврозоната е во рецесија“, велат економистите.
Прочитај повеќе
ЕЦБ: Најголем проблем во Европа е инфлацијата
Надлежните од Европската централна банка се согласни дека каматите треба да продолжат да растат
26.09.2022
Банката на Англија ги зголеми каматните стапки за половина поен
Банката на Англија (BOE) направи втор последователен пораст за половина процентен поен (50 базични поени) во својата борба за намалување на инфлацијата.
22.09.2022
Шнабел: Каматните стапки мора да растат и покрај можната рецесија
И покрај лошите прогнози за економијата на еврозоната, ЕЦБ ќе биде принудена да продолжи да ги зголемува каматните стапки.
22.09.2022
ФЕД сигнали: Рецесијата може да биде алтернатива за инфлацијата
„Никој не знае дали овој процес ќе доведе до рецесија или колку би била значајна таа рецесија“, им рече Пауел на новинарите
22.09.2022
ЕЦБ веќе ги зголеми трошоците за позајмувања за вкупно 125 базични бодови на последните два состаноци, од кои месецов зголемувањето беше историски високо од 75 базични бодови. Прашањето е како да се постапи со оглед на тоа што растот на цените го следи се поголема веројатност за рецесија. Инвеститорите на пазарот на пари предвидуваат дека ЕЦБ ќе реализира уште едно зголемување на каматите за три четвртини во октомври, при што депозитната стапка, која што моментално изнесува 0,75 отсто, ќе порасне на повеќе од 2 проценти до крајот на годинава.