text size
Европскиот пазар на електрична енергија во последната година и половина ги претрпе најголемите шокови во изминатите децении и ја покажа својата ранливост. Се покажа дека е многу зависен од руските фосилни горива, а цените и на струјата и на гасот во текот на минатата година достигнаа рекордни вредности, што придонесе за најголемата инфлација во последните 40 години.