Економија

ЕУ и Германија се договорија за емисиите на издувни гасови од автомобилите

Извор: Bloomberg/Ewa Krukowska

25 март 2023, 11:53

Јаглеродно неутрални нови автомобили до 2035 година

Голем чекор напред за зелениот договор

Bloomberg Mercury

Германија постигна договор со Европската унија за регулативата која бара новите автомобили да бидат неутрални од јаглерод до 2035 година. 

Владата во Берлин се согласи да се откаже од своите приговори, отворајќи го патот за усвојување на мерката, која клучен столб на стратегијата за зелениот договор.

„Постигнавме договор со Германија за идната употреба на е-горивата во автомобилите“, објави на Твитер шефот на ЕУ за климата, Франс Тимерманс.

Тој рече дека ЕУ сега ќе работи на тоа што е можно поскоро да се усвојат стандардите за CO2 за автомобили, а Комисијата брзо ќе ги следи потребните правни чекори за да се имплементира одредбата што дозволува класифицирање на автомобилите што работат на е-горива како јаглеродно неутрални.