Европа

Нот: ЕЦБ да продолжи со раст на каматите среде превисока базична инфлација

Извор: April Roach, Cagan Koc/Bloomberg

7 мај 2023, 16:57

Нот: ЕЦБ да продолжи со раст на каматите среде превисока базична инфлација

Bloomberg Mercury

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да продолжи да ги зголемува каматните стапки во услови на превисока базична стапка на инфлација, рече членот на Управниот совет, Клас Нот.

„ЕЦБ ќе мора да ги зголеми трошоците за позајмување сè додека не се ублажи основната инфлација. Нашиот вистински проблем во моментов е што базичната инфлација е сè уште превисока“, рече Нот во денешното интервју за ТВ-емисијата „Бујтенхоф“.

Европската централна банка во четвртокот ја зголеми депозитната стапка за четвртина поен, на 3,25 проценти, по три потези со двојно поголемо покачување. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, исто така сигнализираше дека најверојатно ќе има уште зголемувања на каматните стапки.
„Имаме повеќе терен за покривање и не паузираме“, рече таа.

Потрошувачките цени во еврозоната, од кои се исклучени нестабилните ставки како гориво и храна, во април се зголемија за 5,6 проценти на годишно ниво, што е само за нијанса пониско од рекордните 5,7 проценти во март.

Холандскиот централен банкар, кој е меѓу јастребовските функционери во регионот, рече дека ЕЦБ може да ја достигне целта за инфлација од два отсто некаде во 2025 година.

„Но нашата политика функционира со одредени задоцнувања, така што најголемите влијанија од она што го направивме досега сè уште не се во видокруг. Затоа сметавме дека е донекаде одговорно, а тоа беше и моја заложба на состанокот, да се направи тој чекор за намалување на темпото на покачување од половина на четвртина процентен поен“, рече Нот.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Женски Економски Форум: Финансиска едукација за сопствен и општествен раст и развој
Македонија

Женски Економски Форум: Финансиска едукација за сопствен и општествен раст и развој

Потребна е поголема финансиска писменост кај младите преку наставни и воннаставни активности, со цел тие да можат да имаат квалитетен живот, сметаат панелистите на форумот.

30.03.2025

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите