Очекувањата на потрошувачите во еврозоната во однос на инфлацијата „значително“ се зголемија во март - давајќи дополнителни аргументи за претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ), кои велат дека покачувањето на каматните стапки можеби ќе треба да продолжи и по летото.
Очекувањата за следните 12 месеци се зголемија на 5 отсто од 4,6 отсто во февруари, објави ЕЦБ во четвртокот во своето месечно истражување. Тригодишните очекувања се зголемија на 2,9 отсто од 2,4 отсто - што е над среднорочната цел од 2 отсто.
ЕЦБ минатата недела го забави темпото на зголемување на каматните стапки и ги покачи трошоците за задолжување за 25 базични поени, а неколку члена на Управниот совет рекоа дека наскоро ќе заврши најагресивната кампања за заострување во историјата на институцијата. Некои, сепак, почнуваат да сугерираат дека затегнувањето можеби ќе треба да продолжи повеќе од двата потега што ги предвидуваат економистите.
Прочитај повеќе
Нот: ЕЦБ да продолжи со раст на каматите среде превисока базична инфлација
„ЕЦБ ќе мора да ги зголеми каматите сè додека не се ублажи основната инфлација“, вели холандскиот централен банкар
07.05.2023
Лагард најави топење на корпоративните заработки
Според претседателката на ЕЦБ, се очекува профитните маржи да ослабат на среден рок.
06.05.2023
ЕЦБ го забави зголемувањето на каматите, но навести дека уште ќе затегнува
Европската централна банка (ЕЦБ) го испорача најмалото зголемување на каматните стапки во досегашниот циклус.
04.05.2023
Базичната инфлација во еврозоната забави за првпат по 10 месеци
Се отвора вратата за ЕЦБ неделава да ја забави најагресивната кампања за зголемување на каматните стапки.
02.05.2023
Пазарите на пари покажаа слична ситуација во четвртокот, па максималната каматна стапка ја гледаат на околу 3,75 отсто, ниво што е забележано последен пат пред една недела.
Ставовите на потрошувачите и инвеститорите за тоа како ќе се движат цените се фактори што ЕЦБ ги зема предвид при утврдувањето на политиката. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, на 4 мај посочи дека „иако повеќето мерки за долгорочните инфлаторни очекувања во моментов се околу два отсто, некои показатели бараат континуиран мониторинг“.
Додека вкупната инфлација забави на седум отсто од својот двоцифрен врв, базичната инфлација останува блиску до рекордно високото ниво.
„Инфлацијата е сè уште многу упорна“, изјави претседателот на „Бундесбанк“, Јоаким Нагел, за „Блумберг“ во четвртокот во Јапонија, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Групата седум (Г7). Тој го опиша растот на цените како „многу тврдоглав феномен“.
Додека шефот на Банката на Франција, Франсоа Вилерој де Галхау, посочи дека централните банкари треба да ги зголемат трошоците за задолжување „само малку“ повеќе, слично на ставовите на аналитичарите, Нагел рече дека „сите опции се на маса“ за состанокот на ЕЦБ во септември.