text size
Eвропската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ги намали каматните стапки во одреден момент во 2024 година. „Намалувањето ќе дојде откако ЕЦБ ќе се увери дека тие доволно долго се на високо ниво од четири проценти, за да можат да ја ограничат инфлацијата“, изјави членот на Советот на гувернери на Европската централна банка (ЕЦБ), Франсоа Вилерој де Галхау.