text size
По речиси две години континуирано намалување на вредноста, падот на комерцијалниот имот во Европа се забавува. Вредностите паднаа за само 0,5 проценти во трите месеци до март, што е значително побавна стапка од падот од 3,4 проценти забележан во последниот квартал од минатата година, покажуваат податоците собрани од „Алтус груп“ (Altus Group). Иако, вредноста на имотот паѓа седум квартали по ред, скромното намалување во првиот квартал од годинава е најдобар резултат од од јуни 2022 година, покажуваат податоците на „Алтус“.