text size
Бил Гејтс, милијардер и соосновач на „Мајкрософт“ (Microsoft), на 26 август објави есеј од шест илјади збора во кој порача дека, кога би можел, би го забавил развојот на вештачката интелигенција (ВИ). Својот став дополнително го објасни во интервју за „Њујорк тајмс“ (New York Times), велејќи дека „приватно луѓето што разбираат колку е добра оваа технологија и колку брзо напредува се многу загрижени“, но дека малкумина од нив јавно зборуваат за тие проблеми.