text size
Долговите на богатите земји стануваат товар и за остатокот од светот. САД, Европа и Јапонија се задолжуваат сè поскапо, а повисоките камати оставаат помалку пари за граѓаните и го зголемуваат ризикот од незадоволство. По недела на превирања на пазарот на обврзници, министрите за финансии и гувернерите од денеска се собираат во Бангкок на годишните состаноци на ММФ и Светската банка, а должничките ризици во богатите економии ќе бидат во фокусот.