text size
На изборите во САД се решава кој ќе го контролира Конгресот во последните две години од мандатот на Доналд Трамп. До петокот, на предвременото гласање беа предадени рекордни 47,9 милиони гласачки ливчиња. Според повеќето прогнози, демократите имаат предност во трката за Претставничкиот дом, но исходот во Сенатот е неизвесен. Последните гласачки места ќе се затворат во 7 часот наутро по македонско време, а во сојузните држави со најтесни трки пребројувањето може да потрае неколку дена, па и подолго.