text size
Во јули 2024 година, сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната изнесува 6,4 проценти, што е намалување од 6,5 проценти колку што изнесуваше во јуни 2024 година и во однос на 6,6 проценти во јули 2023 година. Стапката на невработеност во ЕУ беше шест проценти во јули 2024 година, што е на исто ниво во споредба со јуни 2024 година, како и со јули 2023, објави Евростат.