Европската централна банка (ЕЦБ) нема да реагира на слабеењето на економијата во еврозоната со побрзо намалување на каматните стапки, покажува истражување спроведено меѓу аналитичарите.
Испитаниците очекуваат ЕЦБ да го следи првичното намалување на депозитната стапка во јуни со уште едно намалување следната недела, задржувајќи го тоа квартално темпо до достигнување на 2,5 отсто следниот септември. Тие сметаат дека трошоците за задолжување ќе останат на тоа ниво до 2026 година.
Официјалните лица што се собираат во Франкфурт се соочени со проблематичен спој на омекнување на економската експанзија и тврдоглави притисоци на цените. Најголемата пречка во растот е Германија, најголемата економија во регионот, каде што производителите се мачат повеќе од една година, а потрошувачите покажаа дека се претпазливи во трошењето.
Прочитај повеќе
Економијата на еврозоната порасна помалку од очекуваното во вториот квартал
Импулсот на еврозоната забави во вториот квартал, што е најновата лоша економска вест за Европската централна банка.
06.09.2024
Одлуките на ЕЦБ ќе бидат многу потешки кога каматите ќе паднат на три отсто
Тогаш ќе се појават спорови за тоа што друго е потребно за да се одржи инфлацијата под контрола.
03.09.2024
Кршливоста во блокот од 20 земји „ги подобрува аргументите за поприспособлива монетарна политика“, рече Денис Шен, економист во „Скоуп рејтингс“ (Scope Ratings). Но, „инфлацијата останува сè освен поразена“, што ја прави ЕЦБ претпазлива.
Податоците објавени во петокот покажаа дека економијата пораснала помалку од првично објавеното во вториот квартал. Истовремено, растот на платите исто така забавил во периодот.
Повеќето економисти не очекуваат претседателката Кристин Лагард да понуди јасни сигнали за тоа каде ќе се движат стапките - што е во согласност со акцентот на ЕЦБ на процена на тековните податоци. Со оглед на различните ставови во Управниот совет за економијата, таа може да ги држи отворени сите опции.
„Главниот предизвик за Лагард е да претстави перспектива на политика што е кохерентна и покрај разликите во ставовите, што може да се постигне со продолжување на нагласувањето на пристапот зависен од податоци и без претходна наклонетост кон која било опција“, рече стратегот на СЕБ (SEB), Јуси Хилјанен.
Додека повеќе креатори на политика, вклучувајќи ги и претседателот на „Бундесбанк“, Јоаким Нагел, и членката на Извршниот одбор, Изабел Шнабел, предупредија за долготрајните ризици од инфлација, други рекоа дека ЕЦБ не смее да ја ограничува економијата подолго отколку што е потребно.
Испитаниците во истражувањето очекуваат централната банка да ги намали изгледите за раст во 2024 година, кои во јуни изнесуваа 0,9 отсто. Таа веројатно ќе го задржи остатокот од својата прогноза непроменет.
Што вели „Блумберг економикс“ ...
„Речиси е сигурно дека ЕЦБ повторно ќе ги намали стапките кога ќе се состане на 12 септември, со што стапката на депозити ќе достигне од 3,5 до 3,75 отсто. Лагард најверојатно на прес-конференцијата ќе нагласи дека потегот е соодветен бидејќи индикаторите за растот на платите укажуваат на забавување, а вкупната инфлација се приближува до целта на ЕЦБ од 2 отсто“.
- Дејвид Пауел, висок економист за еврозоната
Луѓе што се запознаени со дебатата велат дека креирањето политики ќе стане потешко кога трошоците за задолжување ќе се приближат до 3 отсто - горниот дел од опсегот на процени, каде што каматните стапки ниту ја ограничуваат ниту ја поддржуваат економијата. Шнабел минатата недела рече дека официјалните лица мора да бидат повнимателни во близината на оваа таканаречена неутрална стапка, за да избегнат да го попречат враќањето на инфлацијата на два отсто.
Повеќето економисти очекуваат вистинскиот праг да биде понизок од три отсто, а мнозинството проценува дека неутралната стапка е 2,25 или 2,5 отсто.
Повеќе детали прочитајте на овој ЛИНК.