text size
Расте загриженоста дека еврозоната е на работ на исцрпеност откако податоците покажаа дека првпат по март годинава се намали економијата во приватниот сектор во еврозоната. Според економистите, еврозоната се движи кон стагнација. Производството слабее, потрошувачите и натаму ги стегаат ремените, иако инфлацијата забавува, а платите растат.