Грција ќе потроши две милијарди евра за да ги субвенционира растечките трошоци за струја следниот месец откако цените на енергенсите во Европа продолжија да растат.
Грција, која минатата година воведе програма за субвенционирање, е една од земјите во регионот која нуди помош на домаќинствата и комапниите заради високите цени на енергенсите. Државата следниот месец ќе покрие 94 отсто од зголемувањето на сметките за струја на поголемиот дел од домаќинствата, а најсироммашните ќе добијат 100 отсто покривање на разликата во цената, вели министерот за економија, Константинос Скрекас. Малите и средни претпријатија ќе добијат 89 отсто субвенција за поскапувањето, а фармерите 90 отсто.
Вкупниот трошок за субвенции во септември ќе изнесува 1,9 милијарди евра, а во август изнесува 1,14 милијарди, вели министерот предвидувајќи зима полна со предизвици и тешкотии во однос на снабдувањето и цената на енергијата.
Субвенциите се исплаќаат од државниот буџет, од посебен фонд за енергетска транзиција од јули и тоа од парите кои по основ на данок ги плаќаат производителите на струја.
Се проценува дека механизмот за даночење на вишокот приходи на производителите ќе им донесе корист на потрошувачите впо висина од милијарда евра, вели Скрекас. Од 25 јули комапниите за снабдување со струја во Грција се должни да ги известат потрошувачите за цените за слендиот месец, а потрошувачите можат, ако сакаат, бесплатно го сменат снабдувачот.