„Алтис Португал“ (Altice Portugal SA) почна постапка за затворање на пет компании со околу 1.500 вработени, како дел од иницијатива за зголемување на ефикасноста во најголемата телекомуникациска компанија во земјата.
Според документи објавени на веб-страницата на Министерството за правда на Португалија, овие единици и нивните вработени ќе бидат префрлени во главната компанија „МЕО“ (MEO), која ги оперира мобилните и фиксните телекомуникациски услуги на „Алтис Португал“.
Целта е поедноставување на корпоративната структура, изјави претставник на „Алтис Португал“, која ќе продолжи да управува со неколку други компании, вклучително и „Алтис Лабс“ (Altice Labs), „МЕО Енергија“ (MEO Energia), „ПТ Дата Центар“ (PT Data Center) и „Алтис Пеј“ (Altice Pay).
Португалскиот весник „Публико“ (Publico) прв ја објави информацијата за реструктурирањето.
„Алтис“ се обидува да ги намали трошоците и да автоматизира повеќе процеси во услови на заострена конкуренција во Португалија. Компанијата инвестира и во вештачка интелигенција за да се справи со новиот конкурент „Диги комуникации“ (Digi Communications NV), нискобуџетна романска компанија која започна со работа во Португалија кон крајот на минатата година.
Околу 800 вработени на „Алтис“ прифатиле понуда за отпремнина во јули, дополнително на 200-те кои претходно се согласиле да заминат, соопшти Синдикатот на работниците на „Алтис Португал“ оваа недела.
Компанијата „НОС“ (NOS SGPS SA), вториот по големина телекомуникациски оператор во Португалија, исто така отпушти десетици вработени во мај.
Обидот за продажба на „Алтис Португал“ (Altice Portugal), која е единица на „Алтис Интернационал“ (Altice International), пропадна во изминативе години, а минатата година матичната компанија размислуваше за одделна продажба на инфраструктурните средства на португалскиот бизнис. Претседателот на Синдикатот на вработените во „Алтис Португал“, Жорже Феликс, во средата изјави дека преструктуирањето може да ја направи компанијата „поатрактивна за потенцијален купувач“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...