text size
Германската авиокомпанија Луфтханза во последен момент спречи штрајк на пилотите, со тоа што им понуди покачување на платите. Со таквиот потег ќе се избегнат откажувања на летови но, од друга страна се комплицира финансиската состојба на авиокомпанијата, чија цел е преку зголемување на маржите да ги намали големите долгови натрупани од периодот на пандемијата, кога практично се работеше со многу мал капацитет.