text size
Европската унија ќе предложи радикални мерки за да ја намали потрошувачката на струја и ќе ги ограничи цените за да ги намали трошоците кои предизвикуваат шок на стопанството во регионот. Се планира и ограничување на прекумерните добивки на енергетските компании, а тие пари би се користеле за поддршка на потрошувачите, вели претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен.