text size
Во вториот квартал од 2022 година, стапката на слободни работни во еврозоната изнесува 3,2 проценти, што е зголемување во однос на стапката од 3,1 проценти во претходниот квартал и 2,3 проценти во вториот квартал од 2021 година, објави „Евростат“. Истовремено, стапката на слободни работни места во ЕУ изнесува 3 проценти во вториот квартал од 2022 година, што е зголемување во однос на стапката од 2,9 проценти во претходниот квартал и 2,2 проценти во вториот квартал од 2021 година.