text size
Во 2021 година, 95,4 милиони луѓе во ЕУ, што претставува 21,7 проценти од населението, беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти „Евростат“. Станува збор за лица коишто живеат во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици од сиромаштија и социјална исклученост (ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална депривација и/или живеење во домаќинство со многу низок интензитет на работа). Ова е благ пораст во споредба со 2020 година (94,8 милиони, 21,6 проценти од населението).