text size
Македонскиот банкарски сектор е ден од ретките што успешно се справи со пандемијата од Ковид-19, повеќето банки ја зголемија добивката во изминативе две години, а некои од нив остварија рекордни профити. Меѓу главните „виновници“ за добрите резултати се клучните менаџери во банките односно членовите на управните одбори. Тие за својата работа и одговорност земаат плата и други надоместоци кои се фиксни согласно нивните менаџерски договори, а дел од нив имаат и други примања односно награди кои варираат во зависност од успешноста во работењето. Нашата анализа покажа дека има големи разлики во примањата на членовите на управните одбори во 13-те македонски банки и дека тоа главно зависи од големината на банките.