text size
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 5.396.652.000 евра и бележи пораст од 18,3 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.894.510.000 евра, што е за 26,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- август 2022 година, изнесува 2.497.858.000 евра