text size
Струја за потребите на 5.500 домаќинства ќе се обезбедува преку соларна електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско село Амзабегово, која е инвестиција на Групацијата ГЕН-И. Изградбата на капацитетот почна лани, а 17-те мегавати соларна енергија веќе се доставуваат низ мрежата, која е ставена во функција три месеци пред предвидениот рок.