text size
Министерството за финансии подготвува предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за банките и на Законот за девизно работење. Во образложението на најавата за измените на Законот за банки објавена преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека Законот за платежни услуги и платни системи започнува со примена од 01 јануари 2023 година и дека потребно усогласување на Законот за банките, во делот на работењето на штедилниците.