И цената на дизелот од ноќеска на полноќ ќе биде троцифрена. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ), новата цена на енергенсот ќе изнесува 102 денари.
Ова значи дека дизелот поскапува за 2,50 денари по литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 и екстра ленсото масло за домаќинство поскапуваат за денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари.
Сега, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 110 денари за литар, а 112 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.
Горивата во земјава се продаваат по рекордни цени од минатата недела од кога се во постојан раст. Првото големо покачување се случи на 01 јуни од кога престанаа да важат владините антикризни мерки односно откако ДДВ се врати од 10 на 18 отсто.
Само за една недела бензините се продаваат за 15 денари поскапо, а цената на дизелот е за 16 денари повисока.