text size
Синдикатот на УПОЗ е незадоволен и бара повлекување на новиот закон за плати, бидејќи смета дека со него се кратат правата на вработените во администрацијата. Покрај суштинските спорни одредби во законот, за синдикалците е спорно и тоа што Владата го донела законот без претходна консултација со синдикатите, како засегнати страни.