text size
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип ќе се отвори нова фабрика, инвестиција на компанијата „Магнамехатроникс“, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти. Ова е прва инвестиција во државата годинава, од околу 40 милиони евра, а според деловниот план, предвидени се најмалку 600 работни места.