text size
„Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години. Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност, но треба да се има предвид дека макроекономските политики не се замена за структурните политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст“, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за магазинот на централната банка на Полска „Финансиски опсерватор“.