text size
Парафискалните давачки се уште се релативно голем товар за компаниите во земјава и тоа по повеќе основи, вели во интервју за Старт на Блумберг Адрија ТВ, Благица Петрески од Фајнанс Тинк (Finance Think). Според неа се поголем станува не само финансискиот туку и административниот товар за компаниите. Додава дека процесот на оптимизација на парафискалните давачки е штотуку започнат и дека очекува во следниот период да биде интензивиран. Покрај намалување и кратење на давачките, според неа, треба да се размислува и за други форми на оптимизација, како што е дигитализација на поднесоците, но и повеќенемско користење средствата за кои граѓаните и компаниите уплатиле, со што ќе имаат чувство дека добиваат подобра и поголема услуга.