text size
Во февруари прометот со храна во малопродажба повторно реално се намали. Според статистика, номиналниот раст на прометот во трговијата на мало минатиот месец изнесувал над 15 отсто, но реално тој е помал за 3,7 отсто споредено со истиот месец во 2022 година. Ова е нов пад на прометот по јануари кога и реално беше забележан раст.