text size
Бројот на вработени во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) во април повторно бележи раст и достигна 16.700 лица. Тоа е за 15 проценти повеќе од април 2022 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Оттаму информираа дека само од почетокот на годинава во компаниите во зоните се вработени речиси 500 луѓе.