text size
Македонија е на пат да ја исполни целта за дефицитот утврдена во буџетот за 2023 година, но доцнењето во усвојувањето на даночната реформа и воведувањето на солидарниот данок ги компромитираат даночните приходи и може да ги загрозат приоритетните трошоци, порача Меѓународниот монетарен фонд, чии претставници на почетокот на месецов беа во земјава за да разговараат со македонските власти за неодамнешните економски случувања и политики во контекст на линијата за претпазливост и ликвидност на ММФ наменета за земјава.