text size
Jавните финансии се солидни, како резултат на подобрувањата кај фискалното управување во изминатите години. Владата работи на реформи за да се подобрат буџетските приходи и подобро да се таргетираат расходите, како и зголемување на учеството и реализацијата на капиталните во вкупните расходи. Низ годините фискалната дисциплина се подобрува. Ова се констатациите на Европската комисија во нацрт-извештајот од скринингот за првиот кластер - фундаменти, во делот на управувањето со јавните финансии и економските критериуми, тема на која министерот за финансии, Фатмир Бесими ја посвети својата последна колумна.