БДП тргна надолу: Германската криза го „турна“ македонскиот извоз
Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
12 септември 2023, 14:42
Извозот во вториот квартал бележи значителен пад
Минусот се поклопува со кризата во Германија
Позитивен тренд има кај финалната потрошувачка
Depositphotos
Бруто-домашниот производ (БДП) во вториот квартал од оваа година порасна само за 1,1 отсто. Ова е забавување на економијата во однос на претходниот квартал, кога БДП забележа раст од 2,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Значителен пад бележи и трошењето на државата. Јавната потрошувачка во периодот од април до јуни се намали за 2,7 отсто. Сепак, оваа бројка е подобра во однос на периодот јануари – март, кога трошењето на државата беше во минус од 5,9 отсто.
Во минус се бруто инвестициите (-1,2 отсто), но состојбата овде е значително подобрена во однос на претходното тримесечје, кога падот изнесуваше 22,3 отсто.
Во второто тримесечје во негатива влезе извозот (-1,2 отсто), а тоа е значителен пад затоа што во првиот квартал извозот бележеше раст од 7,1 отсто. Ова е прв негативен резултат на извозот на земјата и се поклопува со стагнацијата на германската економија, каде што завршува најголемиот дел од македонскиот извоз.
Во негатива е и увозот (-1,7 отсто), што е подобрување во однос на претходните три месеци (-4,3). Негативниот тренд кај увозот почна минатата година, но во текот на 2023 година бројките за првпат се негативни.
Tрговските тензии генерално имаат негативно влијание врз економскиот раст, но во некои сценарија би можеле да ја намалат стапката на инфлација, вели Вујчиќ.