text size
Затегнувањето на монетарната политика придонесе кон враќање на инфлацијата на едноцифрено ниво, наведува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ во својот извештај за кредитниот рејтинг на земјава, во кој го потврдува нејзиниот рејтинг на „ББ+“ со стабилен изглед. Очекувањата на Агенцијата се дека инфлацијата и натаму ќе се намалува. Посочуваат и дека во изминатите осум месеци девизните резерви се зголемени, додека дефицитот на тековната сметка е стеснет, како и дека банкарскиот сектор и натаму е здрав и соодветно капитализиран.