text size
Владата води конзистентни политики на воспоставување тренд на одржливи финансии и здрави основи за раст на среден рок, а таквите политики и даваат можност на земјата и Владата избор на инструменти за финансирање на политиките со поповолни средства, наместо скапи средства на меѓународните финансиски пазари. Тоа беше препознаено од Меѓународниот монетарен фонд минатата година и овозможи пристап на земјата до поволни средства од ПЛЛ програмата.