text size
Во вториот квартал на 2022 година има нето-заострување на условите за одобрување корпоративни кредити кај македонските банки, посилно отколку во првото тримесечје од годината, покажува новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Сепак, и понатаму најголемиот процент од банките (околу 84 проценти) укажуваат на непроменети кредитни услови.