text size
Компаниите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во април годинава оствариле извоз од 300 милиони евра што е за осум проценти повеќе во однос на истиот месец лани и 21 процент повеќе во однос на април 2022 година, соопшти денеска Дирекцијата за ТИРЗ. Редовната анализа на ТИРЗ покажува дека во првите четири месеци од годинава извозот од зоните е над милијарда и 120 милиони евра.