text size
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС), трошоците на животот во Северна Македонија, коишто се главен показател за стапката на инфлација во април се зголемиле за 10,5 проценти во однос на истиот месец минатата година. Цените на мало во истиот период бележат зголемување од 11,1 процент.