text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година изнесува 41.085 денари, што е зголемување во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 40.496 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година во однос на април 2023 година е зголемена за 13,7 проценти.