text size
Народната банка ги објави податоците за зелените кредити за првиот квартал од 2024 година, каде што се забележува годишен раст од 26,37 проценти. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започнаа собирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти што поддржуваат одржливи еколошки цели или цели што придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија.