text size
Граѓани, компании и институции осигурале речиси 351.000 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во периодот јануари – јуни годинава. Вкупниот број возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 6,3 проценти во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).