text size
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на меѓународната конференција „Повторно поврзување на глобалната економија“ организирана од Комитетот за преобразување на Бретон Вудс и Централната банка на Перу, којашто се одржа во Куско. Таа укажа дека геоекономската фрагментација претставува ризик за глобалната економија, но и дека земјите од ЕУ и Западен Балкан може да имаат придобивки од меѓусебната соработка.