text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година изнесува 41.252 денара, што е зголемување во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 41.085 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година во однос на мај 2023 година е зголемена за 13,1 отсто.