Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година во Македонија имало 9.562 слободни работни места, а стапката на слободни работни места изнесувала 1,93 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,47 проценти имало во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека најмала стапка од 0,13 проценти имало во секторот „јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување“.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имале највисока стапка на слободни работни места, која изнесувала 2,69 проценти, а Пелагонискиот регион имал највисока стапка на слободни работни места, која изнесувала 2,72 проценти.
Прочитај повеќе

Вечен проблем на пазарот на труд: невработените налево, работодавачите надесно
Статистика преброи 98 илјади невработени и 10 илјади слободни работни места. Јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд е вечен проблем
07.12.2024
Најголем број на слободни работни места, односно 2.149 во овој период имало во втората група занимања – „стручњаци и научници“.