text size
Народна банка изрази загриженост за леснотијата со која различни поединци изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот секор во земјава. Од банката велат дека денеска презентираниот извештај на стечајот на Еуростандард банка е приватно нарачан извештај од страна на поранешниот мнозински акционер и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на банката „над која поради несолвентност во 2020 година беше отворена стечајна постапка“