Јас сум промотор на поврзување на Европа. Нема сериозен аргумент да не се прифатат земјите од Западан Балкан во ЕУ. Ако не се случи тоа, би било најголема геостратешка грешка. Да ги убедиме луѓето во Европа дека ние сме едно, рече Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ Љубљана во денешното обраќање во рамките на 24. Годишна конференција на Македонската берза што се одржува во Охрид.
„Никој не може да ме убеди дека земјите од Западен Балкан сега се помалку подготвени од Романија и Бугарија кога влегуваа во ЕУ. Зошто Македонија и Албанија се раздвојуваат? Зошто за Македонија важат такви стандарди? Тоа е политичка одлука“, рече Бродњак.
Тој додаде дека е важно да се поврзат пазарите на капитал и на тој начин начин фирмите да настапуваат и да имаат пристап до можности за вложување. Посочи дека НЛБ котира на Љубљанска берза и на Лондонската берза.
Прочитај повеќе

НЛБ групацијата со пад на профитот во првото полугодие
Профитот не се намали поради пониските каматни стапки, туку поради повисоките трошоци.
07.08.2025

Блаж Бродњак: НЛБ останува пацифистичка банка
НЛБ останува при својата стратегија и нема да вложува во одбранбената индустрија.
05.04.2025

Блаж Бродњак за растот на НЛБ: „Имаме отворени очи“
За идниот развој на банката и банкарството во Словенија разговаравме со Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор
24.02.2025

Пет прашања за Блаж Бродњак од НЛБ Групацијатa: За наградите, можните преземања и откупот на акции
НЛБ Групацијата ја презеде лизинг групацијата СЛ преку која влегоа и на хрватскиот пазар. Се наближува една година од обидот за преземање на „Адико банка“. За евентуални нови преземања, Бродњак вели дека има апетити.
21.02.2025
„Како најголема банка во регионот, присутни сме во сите земји, а и во Хрватска со операциите за лизинг. Тоа не прави единствена банка која е присутна во цел регион. Претставуваме пулс на домаќинствата и на стопанството и вложувањето во нашите акции е вложување во целиот регион“, рече Бродњак.
Тој се осврна и на состојбите во глобалната економија, која според него се соочува со низа предизвици во овој момент.
„Европа е секако засегната. Во овој момент економијата на САД е поголема, Кина и Индија исто така земаа голем замав, а јасно е дека Кинезите преземаат водечка улога. Што значи тоа за Европа? Според мене главен предизвик е сигурноста. Ние треба да разбереме дека она што го знаевме и мислевме претходно дека ЕУ ќе биде тука и секогаш зад сите земји сега е ставено под нов предизвик. Не сме целосно сигурни дали ЕУ е вистински заштитник“, рече Бродњак.
Тој вели дека многу голем приоритет е безбедноста и дека таа е ставена во прв план.
„Знаеме дека воениот конфликт е до Европската унија и тоа многу влијае на сите процеси. Но што сето ова значи за конкурентноста? Тешко е да се разговара за конкурентноста кога станува збор за мали нации какви што сме ние. Па ако размислиме и Германија е мала економска нација ако ја анализираме во глобален контекст“, рече Бродњак.
Според него, вложувања во одбраната кои се нужни прават голем притисок врз нациите особено што земјите веќе имаат креирани дефицити поради социјалните и демографските политики.
„Дополнително поради одбраната тие дефицити се продлабочуваат. Дали е тоа одржливо за нас и колку е одржливо е големо прашање. А освен вложувањата во одбраната, мораме да инвестираме и во кибернетска сигурност, во ИКТ системи во нови стандарди. Колку е тоа одржливо?“, рече Бродњак.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...