Македонските граѓани и компании почнувајќи од утре (7 октомври) ќе имаат можност да извршуваат плаќања во евра кон земјите на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и со значително пониски такси, објави Народната банка.
Ова е значаен чекор напред, откако Европскиот совет за плаќања го прифати барањето на земјава за приклучување кон СЕПА (SEPA), што значи дека домашните банки ќе бидат интегрирани во европските платежни системи. СЕПА опфаќа мрежа на 40 земји, кои вклучуваат и членки на Европската Унија, како и некои други европски земји.
Според објавените податоци, девет македонски банки се подготвени да започнат со извршување на плаќањата во рамките на СЕПА од 7 октомври. Тоа се „НЛБ банка“, „Стопанска банка“, „Комерцијална банка“, „Шпаркасе банка“, „Халк банка“, „Прокредит банка“, „ТТК банка“, „УНИ банка“ и „Централна кооперативна банка“. Три други банки работат на интеграцијата во системот и се очекува да бидат подготвени до крајот на првиот квартал од 2026 година.
Прочитај повеќе

Македонски банки влегуваат во европскиот платежен систем
СЕПА овозможува побрзи, поевтини и сигурни прекугранични плаќања...
24.06.2025

Влезот во СЕПА ќе донесе повеќе странски инвестиции во Македонија
Овие плаќања се многу побрзи од вообичаените
11.03.2025

Брзо и лесно прекугранично плаќање во евра - Македонија стана членка на СЕПА
Членството во СЕПА е потврда и за високите регулативни стандарди во земјава
06.03.2025
Според официјалните тарифи на овие банки, плаќањата во евра кон земјите од СЕПА ќе бидат многу поевтини отколку преку традиционалното кореспондентно банкарство. За плаќања од 500 евра, граѓаните ќе заштедат во просек 1.340 денари. Односно, таксата за електронско плаќање ќе изнесува околу 260 денари, додека во моментов таа изнесува 1.600 денари преку кореспондентни трансфери. За приливите во евра од истата сума, граѓаните ќе платат 140 денари, што е половина од трошоците на кореспондентните трансфери (280 денари).
Компаниите ќе уживаат уште поголеми заштеди. За износ од 20.000 евра, трошоците за плаќање во евра ќе бидат осум пати помали во споредба со постојното банкарско решение. Компаниите ќе плаќаат околу 570 денари наместо 4.740 денари преку кореспондентно банкарство. За приливи од истата сума, компаниите ќе плаќаат трипати помалку, односно 390 денари наспроти 1.180 денари.
Поголема ефикасност
Народната банка и Македонската банкарска асоцијација ги повикуваат граѓаните и компаниите да ги искористат придобивките од интеграцијата во СЕПА и да ги користат дигиталните канали за плаќање. Преку оваа иницијатива, се очекува значително зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците, што ќе биде корисно и за домаќинствата и за бизнисите.
Со овие новини, земјава значително ја подобрува својата интеграција во европскиот финансиски систем, што претставува значаен чекор во развојот на економијата и зголемувањето на конкурентноста на меѓународниот пазар.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...